За нас

Супертрејд ДООЕЛ е компанија со која гордо стоиме зад традиција над три децении, посветеност и постојан раст. Со силен фокус на квалитетот на услугите и довербата на своите потрошувачи, Супертрејд континуирано нуди брза, сигурна и професионална услуга.

Друштвото за производство, промет и услуги Супертрејд ДООЕЛ Скопје е основано во 1991 година. Како приоритетна дејност, компанијата се фокусира на трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и сродни производи.

До 2011 година, Супертрејд првенствено се развиваше во областа на малопродажбата на нафта и нафтени деривати, како и други трговски стоки, преку сопствена бензинска пумпа која располага и со мини-маркет. Асортиманот внимателно е одбран за да ги задоволи секојдневните потреби на потрошувачите, вклучувајќи моторни масла, авто-козметика и потрошувачки производи.

Во 2012 година, компанијата ја менува својата деловна стратегија и преминува кон директен увоз на нафта и нафтени деривати. Оваа стратешка одлука беше клучна за значителниот раст на приходите и зацврстување на позицијата на пазарот.

Денес, Супертрејд има значајна улога на домашниот и регионалниот пазар, како втор најголем увозник на нафта и нафтени деривати во Република Северна Македонија, по рафинеријата ОКТА.

Со оглед на примарната дејност и стратешките насоки, Супертрејд ДООЕЛ е ексклузивен партнер за дистрибуција на висококвалитетните горива на американската компанија Gulf Oil, нудејќи проверен квалитет по највисоки светски стандарди.

ГОЛЕМОПРОДАЖБА

Набавените деривати преку својата големопродажна мрежа Супертрејд ДООЕЛ ги дистрибуира до приватните бензински пумпи, приватни компании и јавни организации (министерства, општини, училишта, јавни претпријатија, универзитети, здравствени установи и други стопански субјекти). Задоволството на клиентите од производите и услугите на Супертрејд ДООЕЛ се потврдува со нивното повторно ангажирање и доверба.

Транспортот на нафтата и нафтените деривати се реализира преку сопственото друштво за транспорт и услуги Супертрејд Транспорт ДООЕЛ, кое располага со современи транспортни средства специјализирани за транспорт на нафта и нафтени деривати.

Инвестицијата во набавката на транспортни средства овозможи значајни заштеди на трошоците за изнајмување, како и подобрен временски распоред за транспорт и превоз на набавените и продадените деривати.

Како и во секоја стопанска дејност, особено во услови на конкурентен пазар, Супертрејд ДООЕЛ се соочува со голема конкуренција. Сепак, политиката на раководството, способноста и тимската работа на колективот го позиционира Супертрејд ДООЕЛ меѓу поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати во земјата. Ова придонесе за промената во распределбата на понудата на нафта и нафтени деривати на македонскиот пазар.

Ова го потврдува и фактот што неколку години по ред Супертрејд ДООЕЛ е категоризирана во први 10 најголеми компании во Република Северна Македонија.

БЕЗБЕДНОСНИ СТАНДАРДИ И ЗАШТИТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

Поради специфичноста на дејноста и условите за работа, компанијата посветува особено внимание на безбедноста и здравјето на вработените, како и на заштитата на објектите и опремата.
Се спроведуваат следните активности:
Периодично испитување и редовно одржување на опремата
Сервисирање и техничка контрола
Противпожарна заштита (ПП-заштита)
Обезбедување на заштитни средства и опрема
Континуирана обука на вработените за безбедно работење
Заради сигурност на објектите и безбедност на извршување на дејноста, секоја година се спроведуваат испитувања на:
Отпорност на громобранско и заштитно заземјување на објектите
Заземјување на опремата и резервоарите
Заштитна опрема за вработените
Вработените во складовите и на бензинската пумпа се снабдени со соодветна лична заштитна опрема и работна облека, која вклучува:
Зимска и летна работна униформа
Заштитни чевли и ракавици
Заштитен шлем и респираторни маски (за вработените во складот)
Сета опрема е изработена од антистатички материјали, специјално наменети за работа во околини со ризик од запаливи материи, како што се бензински пумпи и складишта за деривати.
Обезбедување и 24-часовен надзор

ВРАБОТЕНИТЕ – ОСНОВА НА УСПЕХОТ

Вработените претставуваат еден од најважните фактори за успешно остварување на позитивни деловни резултати, како и за целокупниот квалитет на работењето.

Супертрејд ДООЕЛ вложува во знаењето и развојот на своите вработени, што се рефлектира и преку стабилните и континуирано растечки деловни резултати. Компанијата внимателно го селектира својот кадар, водејќи се од уверувањето дека токму луѓето се клучот за обезбедување на највисоко ниво на професионалност и услуга.

Веруваме дека постојаниот квалитет, комбиниран со искрен и одговорен однос кон клиентите, претставува вистинскиот пат до успех – пат кој води кон лојалност, доверба и взаемна корист.

Со цел целосно задоволување на потребите и очекувањата на потрошувачите, Супертрејд ДООЕЛ постојано инвестира во: едукација и усовршување на вработените, сертификација на кадарот, како и сертификација на компанијата според меѓународните ISO-стандарди, што претставува потврда за квалитет, усогласеност и доверливост

МИСИЈА И ВИЗИЈА

  • Мисија: Создавање поголеми вредности за своите потрошувачи и за општеството преку активно унапредување на работењето на компанијата на пазарот со нафта и нафтени деривати.
  • Визија: Најлојален партнер на пазарот, нудејќи ги своите висококвалитетни нафтени производи на потрошувачите и одржувајќи беспрекорно добри односи со сите вклучени страни во работењето.

ВРЕДНОСТИ НА КОМПАНИЈАТА

  • Да нудиме квалитетни производи и услуги во енергетскиот сектор, задоволувајќи ги потребите на нашите клиенти како во земјата, така и надвор од неа.
  • Да овозможиме континуирана обука и усовршување на сите вработени, со цел зголемување на нивната ефикасност, продуктивност и професионален развој.
  • Да го максимизираме задоволството на нашите потрошувачи, секогаш нудејќи им производи со проверен и постојан квалитет.
  • Да ја градиме препознатливоста на брендот и да се позиционираме и на глобалниот пазар.
  • Да го зголемуваме бројот на потрошувачи кои ќе ја препознаат нашата посветеност и способност да обезбедиме врвни производи, создавајќи додадена вредност за сите страни.
  • Да негуваме здрава, безбедна и мотивирачка работна средина, каде што вработените ќе имаат услови за континуирано стекнување нови знаења, размена на искуства и личен напредок. Со тоа, успешно ги следиме и исполнуваме потребите и очекувањата на нашите клиенти и партнери.